Објавено на:

(Видео) Расправајте се вие за Антиќ: Албанија од денес има два сателита во вселената

t

– Премиерот на Албанија, Еди Рама, потврди дека двата сателита на Албанија се лансирани во вселената, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Премиерот Рама на социјалните мрежи објави и видеоснимка од лансирањето на сателитите.

„Од Кејп Канаверал во Флорида со ракетата „Фалкон 9“ е лансирана заедничката мисија „Спејс икс Транспортер 6“, која во вселената ги транспортира и нашите сателити, „Албанија-1“ и „Албанија-2““, напиша Рама.

Потсетуваме, во септември минатата година беше потпишан договор за сателитска услуга меѓу Албанија и операторот „Satellogic USA Inc“ во областа на одбраната и безбедноста за мониторирање на територијата на земјата.

Според албанските власти, договорот се состои од ексклузивна употреба на два сателити во период од три години, за мониторирање на територијата на Албанија, за развој на технички и професионални капацитети за користење на сателитската услуга, обработка на Геопросторни информации (ГИС), како и обезбедување снимки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…