Ковид вакцината пак проблем за Ѓоковиќ: Нема да може да патува во САД
Американските власти го продолжија условот за примена вакцина за влез во САД, според кој патниците мора да достават доказ за најмалку две примени вакцини против Ковид. Продолжените услови ќе важат најмалку до 10 април 2023 година, што практично го оневозможува настапот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на Мастерсот што ќе се одржи во Индијан Велс и Мајами.
Можноста за промена на оваа одлука сè уште постои, особено ако се земе предвид дека повеќето земји се откажаа од ваквите критериуми за влез многу порано.
Постојат две категории на патници кои можеби ќе бидат ослободени од доказ за вакцинација, но српскиот тенисер очигледно нема ни да се обиде да патува во САД доколку се задржат условите. Претходно Новак беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да учествува ниту на првиот Грен слем во сезоната.
Благодарение на фантастичните игри во преостанатиот дел од сезоната и, меѓу другото, освојувањето на Вимблдон, Ѓоковиќ остана на врвот на АТП листата и освои доволно бодови за да биде на завршниот Мастерс во Торино. Останува да видиме дали забраната ќе биде продолжена до летото кога се одржува УС Опен во Њујорк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…