Крваво злосторство во БиХ: Жена го убила сопругот, го пресоблекла, ги сменила теписите и повикала полиција
Полицијата во Добој уапсила жена осомничена дека го убила сопругот во семејната куќа. Како што неофицијално дознава Независне, жената (59) со кујнски нож го прободела својот сопруг (55) во надлактицата, го погодила во крвните садови и тој искрварил до смрт. На убиството му претходела расправија во семејниот дом.
Откако искрварил, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи, пишува Независне. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите од кои починал.
Полицијата наводно ги пронашла крвавите теписи.
Според полициската управа Добој, во понеделникот била уапсена жена поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.
„Постои сомнение дека наведената жена истиот ден во семејниот дом му го одзела животот на сопругот, по што го исчистила местото на злосторството, а потоа побарала интервенција на полициски службеници“, наведуваат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху на гости во Белата куќа на…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости…
(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири…
Сѐ уште нема одговор од Владата за…
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
Шекеринска ќе ја посети Атина
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе…