Тамара, Антониа, Иванна… – 2022 кобна за долгогодишните врски од македонската естрада
Ако светот се занимаваше со раскинувањето на Пике и Шакира, кои по една деценија бурно се разделија, Балканот, пак, пишуваше за разводот на Бајага, во Македонија неколку јавни врски го имаа својот крај во 2022 година. Се разбира, секое од тие раскинувања ја заинтересира и јавноста.
1. Антониа Гиговска и Иван Јованов
Убедливо најголема помпа се направи околу разделбата на Антониа Гиговска и Иван Јованов. Девојчето кое го запознавме преку „Ѕвездичките од Пинк“, сега е една од најпознатите и најбарани пејачки во Македонија. Таа годинава стави крај на врската со постариот колега Иван Јованов и порача дека периодов се пронаоѓа сама себе и не е во врска со никого.
2. Тамара и Мачка
Седум години по свадбата пејачката и поранешниот кошаркар Александар Димитревски – Мачка одлучија да се разведат, но и покрај тоа да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца. Дека навистина останаа на зборот потврдува и неодамнешниот роденден на нивното синче, кој го прославија заедно.
3. Тамара и Катарина
Иако не станува збор за романтична врска или брак, кавгата меѓу двете најдобри пријателки беше доста интересна за јавноста, особено зошто не им е првпат да не зборуваат. Дали можеби повторно ги закопаа секирите почна да се зборува неодамна, кога на „Инстаграм“ беше споделена стара фотографија од друштвото.
4. Иванна и Влатко
Поранешната водителка и советничка во владата годинава му стави крај на долгогодишниот брак со Влатко Кошевалиски. Сепак, секогаш насмеата Иванна не остана долго сама, па како што зборува чаршијата, веќе е во љубов со доктор од Битола.
5. Жарко Димитриоски и Марија
Долгогодишна врска раскина водителот Жарко Димитриоски од „Еден на Еден“. Според него, ниедна врска нема смисла на долг рок, ако немаш вистински, искрен партнер покрај себе.
Секоја врска е партнерство. Добрата врска е цврсто и сигурно партнерство. Мое длабоко убедување е дека клучно е да знаеш и да си уверен дека имаш вистински, искрен партнер покрај себе. Без тоа ниедна врска нема смисла на долг рок и подобро е да заврши, рече по раскинувањето Жаре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…