Американската амбасада во Приштина го лајкна твитот на Вучиќ за повлекување на признавањето на Косово па се правдаше
Американската амбасада во Приштина соопшти дека во претходните 24 часа од нивниот официјален профил на Твитер, ниту една објава на таа социјална мрежа не била „намерно лајкувана”, ниту твитот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за повлекување на признавањето на Косово од девет земји.
Официјалниот Твитер профил на Амбасадата на САД намерно не „лајкувал” ниту еден твит во последните 24 часа. Ја истражуваме ситуацијата за да утврдиме што се случило. Како што споменавме претходно, кога нешто артикулираме, тоа го правиме преку официјални изјави, а не преку „лајкови” на социјалните мрежи, се наведува во соопштението.
На Твитер профилот на американската амбасада претходно беше посочено дека им се допаѓа објавата во која српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово.
По бурните реакции, американската амбасада утрово ја отстрани ознаката дека и се допаднала твитот на српскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…