Тоа е нашата држава! Над 60% од ученичките стипендии доделени на ученици со албанска националност

t

Резултатите од конкурсот за доделување стипендии и оваа година беа објавени со задоцнување, како што веќе е вообичаена пракса на МОН. Меѓутоа, освен задоцнувањето, спорни се и самите резултати.

Не може а да не се забележи дека повеќе од половина од стипендиите за социјална поддршка на учениците, стипендиите за дуално образование, стипендиите за школување во паралелки од дефицитарни струки се доделени на ученици Албанци.

Голем број од одбиените се ученици кои ги исполнуваат конкурсните критериуми. Во бројни паралелки со дуално образование кои учат на македонски наставен јазик стипендии добиле по еден, двајца или три ученика.

МОН тврди дека нема средства за повеќе стипендии, но не објаснува зошто листите не одговараат на реалната застапеност на ученици во училиштата и како тоа шеесетина проценти од вкупниот број стипендирани врз основа на социјална поддршка се Албанци, кога само дваесетина проценти од запишаните средношколци се дел од албанската етничка заедница. Исто е и со стипендиите за дуално образование: учениците Албанци се редум со најголем број бодови и доминираат на листите. Дали сите одлични Албанци се имаат запишано во стручно образование, или пак сите ученици од албанската етничка заедница го завршиле основното образование со одличен успех?!

До каде ќе се оди со вулгаризацијата и злоупотребата на секоја институција на чие чело стои кадар на ДУИ?!

Потсетуваме, претходно МОН формираше Совет за образование кој е управуван од Димитар Ковачевски. Во составот на ова тело влегуваат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Артан Груби, Фатмир Бесими, координација на економските ресори и инвестиции и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…

Еве што наше даде Бугарија на Грција…

По 109 години, Бугарија ѝ врати на…

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…

Судот не дозволил Михаилова да замине од…

Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…