Ѓоковиќ рутински го среди Шаповалов за полуфинале во Аделаида
Ноќва и утрово се комплетираше четвртфиналната фаза на АТП турнирот во Аделаида, Австралија. Од фаворитите, попушти само Јаник Синер, додека Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев си ја оправдаа својата улога и закажаа меѓусебно полуфинале.
Ѓоковиќ беше подобар од Денис Шаповалов, со 2-0 (6-3, 6-4) го скрши отпорот на незгодниот Канаѓанец и се пласира меѓу четирите најдобри. Српскиот тениски ас според планот чекори во Аделаида, каде што е прв носител на увертирата за Австралија Опен.
Како што се очекуваше, Шаповалов пружи солиден отпор, беше близу до брејк на стартот на мечот, меѓутоа откако не успеа стигна казната и Ѓоковиќ со еден одземен сервис дојде до водство (6-3). Во вториот сет Србинот беше поконкретен на стартот, дојде до брејк и предност од 3-1, меѓутоа ривалот врати со иста мера. Сепак, во клучните моменти при 5-4, Ѓоковиќ одново одзеде сервис и зачекори кон победата (6-4).
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…
„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…
Италија испраќа 500 војници во Милано по…
Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…
Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…
Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…
САД ѝ се заканија на ЕУ со…
Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…
Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…
Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…