Објавено на:

Денеска пак борби: Никој не го почитува примирјето во Украина

t

Според објавите на социјалните мрежи и странските медиуми покрај едностраното примирје прогласено од Москва, а отфрлено од Киев, во Украина и денеска се слуша артилериски оган.

Според локален жител на Доњецк, забележани се ракети истрелани од позициите на руските сили на периферијата на градот.

Руски гранати го погодија Краматорск, украински град во близина на линијата на фронтот во регионот на Доњецк, при што се оштетени 14 куќи, но нема жртви.

Додека еден пожарникар загина, а четворица се повредени откако руските сили гранатираа противпожарна станица во Керсон, јужна Украина пред да стапи во сила прекинот на огнот.

Во меѓувреме украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ги предупреди жителите на окупираните територии да не одат во црква за Божиќ, бидејќи како што таа тврди, Русија планира да изврши терористички напади во сакралните објекти.

– Има информации дека Русите подготвуваат терористички напади врз црквите во привремено окупираните области за православниот Божиќ, наведе Верешчук.

И Украинската разузнавачка служба соопшти дека добила извештаи за напади врз православните цркви во Доњецк и други окупирани територии

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела ноќ се гаснеше огнот во прилепско…

Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

(Видео) Ученик со пушка и пиштол отвори…

Најмалку две лица загинаа, а девет беа…

34 години АРМ: Модерна, современа и целосно…

Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето…

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…