СДСМ децидни: Предвремени избори нема да има!
Предвремени избори нема да има, Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, велат од СДСМ.
Ништо не е променто кај Мицкоски. Ја започна годината исто како што ја заврши и како што ја тераше цела мината 2022 година.
Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, само седи на страна, во неизвесност за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори.
Предвремени избори нема да има. Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавните лелекања на Мицкоски, ниту пак неговите фабрикувани лаги за ново мнозинство, не можат да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.
Членството во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет е врв на патриотизам и исполнување на стратешка цел поставена од независноста.
Предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи.
Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божиќ.
СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ. – соопштија од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…
Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…
Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…
Венко Филипче, кој е познат како личност…