(Фото) МАКЕДОНЕЦ ШВЕРЦУВАЛ 10 ИЛЈАДИ КУТИИ ЦИГАРИ И 9 ЛИТРИ РАКИЈА – еве во која европска држава „паднал“
Државјанин на Македонија е фатен на граничниот премин „Товарник“ од хрватските цариници при обид за криумчарење на цигари и алкохол. Стоката била скриена во возило со швајцарски регистарски таблички.
-На граничниот премин „Товарник“, при влез во царинското подрачје на Унијата, подрачните единици на Службата за мобилни единици Осиек, издвоија за контрола приватен автомобил со швајцарски регистарски таблички со кој управувал државјанин на Северна Македонија. При деталниот преглед на возилото, во просторот за резервна гума се пронајдени 6.000 парчиња цигари „Вест Силвер“, 4.000 парчиња цигари „Жаде Ла Розе“ и 9,7 литри ракија за кои се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата, се наведува во соопштението на хрватската царина.
Пронајдената стока е одземена, додаваат од царината, а на возачот му е изречена казна од 13.272 евра, а пресметана и наплатена му е трошарина за цигари во износ од 1.419 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…
Еве што наше даде Бугарија на Грција…
По 109 години, Бугарија ѝ врати на…
Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…
Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…
(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…
Ива Михаилова која во Македонија се гони…
Судот не дозволил Михаилова да замине од…
Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…