Денес се празнува втор ден Божик – Собор на Пресвета Богородица

t

На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

По повод празникот Собор на Пресвета Богородица-втор ден Божиќ, утрински богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иконата Богородица -Троеручица пристигнува од Света Гора…

Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета…

Продолжуваат гужвите на „Богородица“ и „Табановце“

И покрај тоа што завршува летната сезона,…

На Табановце и Богородица за влез и…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Еѓипќанец уапсен на „Богородица“

На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот…

Не се обидувајте да поминете во овој…

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел…