Ѓоковиќ ја започна новата година со титула
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше проблеми против Себастијан Кодра, но со пресврт (2-1 во сетови) успеа да го победи ривалот и да ја почне годината со титула во Аделаида.
По неколку добри гемови од двајцата тенисери следеше криза во играта на Ѓоковиќ, а тоа го искористи Кодра за да направи брејк и да поведе со 5-4, по што пропушти три сет топки, а тоа го казни Ѓоковиќ и израмни на 5-5. Освојувачот на првиот сет се решаваше во тај-брејк, каде што Американецот беше подобар до 10-8.
Србинот имаше проблеми и во вториот сет, а беше во состојба да го загуби и мечот бидејќи му дозволи на ривалот да стигне до меч-топка во 12. гем, но успешно се одбрани и потоа во тај-брејк славеше со 7-3.
Ѓоковиќ играше сè подобро како минуваше времето, а Кодра почна со грешките и му дозволи на Србинот да искористи една брејк шанса за да го добие третиот сет со 6-4.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…