ЕКСПЕРТИТЕ ОБЈАВИЈА: Ова се докажано најдобри диети

t

Многу луѓе размислуваат за диета по Нова Година, но во мноштвото на достапни информации понекогаш е тешко да се снајдете и да одлучите кој режим е најефикасен. Затоа експертите составија листа на диети за кои научно е докажано дека се најдобри.

Медитеранска исхрана

Со години е број 1, а во неа се колнат и ѕвезди како Пенелопе Круз и Камерон Дијаз. Лекарите ја фалат поради процентот на овошје, зеленчук и цели зрна. Многу докази укажуваат дека медитеранската исхрана го зајакнува здравјето на срцето бидејќи го елиминира внесот на заситени масти и дозволува само мал внес на путер, масно месо и печива.

Исто така е богата со мононезаситени масти од маслиново масло и јаткасти плодови и омега-3 масни киселини од морските плодови кои поддржуваат здраво срце. Истражувањата ја поврзуваат оваа исхрана со низок ризик од дијабетес тип 2 и мозочен удар.

Диета за долговечност

Научниците утврдиле дека исхраната богата со интегрални житарки, мешунки и растителни протеини е еден од начините да додадеме години во нашите животи.

Диетата за долговечност вклучува 12-часовен пост и целосно исфрлање на црвеното месо. Некои риби се дозволени, додека внесот на пилешко мора да биде многу мал. Треба да се намали внесот на шеќер и рафинирани житарки.

Повремен пост

Последниве години популарноста на повремениот пост е во пораст и тоа со причина. И двете форми 5:2 и 16:8 се засноваат на интермитентно (повремено) постење, односно, тие вклучуваат јадење само во одредена временска рамка во денот, односно седмицата.

Форматот 5:2 значи консумирање храна пет дена во неделата, додека два дена потребно е да се ограничи на 500 до 800 калории дневно. Моделот 16:8 се однесува на 16 часа пост во текот на денот и 8 часа кога е дозволено да се јаде, обично помеѓу 10 и 18 часот.

Некои истражувања сугерираат дека повременото постење помага при губење на тежината, а со тоа го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања и дијабетес. Се поврзува и со подолг живот и се вели дека го намалува ризикот од некои видови на рак и невродегенеративни нарушувања.

Психобиотска диета

Дури и оние кои не сакаат да ослабат можат да ја променат исхраната заради здравствени придобивки. Психобиотската диета или исхрана, која вклучува внес на многу влакна и ферментирана храна, може да го намали стресот и да го подобри сонот, според новите истражувања.

Пристапот вклучува јадење од шест до осум порции овошје и зеленчук дневно со висок процент на пребиотски влакна, како што се кромид, праз, зелка, јаболка и банани.

Оние кои ја следат оваа исхрана консумираат и пет до осум порции житарки дневно и три до четири порции зеленчук неделно, како и две до три ферментирани намирници дневно – како кисела зелка, кефир и комбуха.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИМА 70, НО ЛИЧИ НА 35…Рецепт кој…

ИМА 70, НО ЛИЧИ НА 35…Рецепт кој…

Здравје, среќа и мудри одлуки ни посакува…

Министерот за правда Кренар Лога во новогодишната…

Диносаурусите сè уште постојат на други планети,…

Диносаурусите можеби биле изумрени пред повеќе од…

Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони

Научници од институт во кинескиот град Гуангжу…

Жално: Земаат лек за дијабетичари за да…

Користат лекови за дијабетичари за слабеење, ризикувајќи…