ДЕФЕКТ ГИ ОСТАВИ ШТИПЈАНИ БЕЗ ВОДА: Цистерни со вода на три локации
Обезбедени се цистерни со вода на три локации во Штип, поради големиот дефект на водоводна линија во Штип. Надлежните од ЈП „Исар” информираат дека локацијата на дефектот е под филтер станицата на ЈП ,,Исар”, поточно во населбата Дузлак.
Во консултација со службите на ЈП ,,Исар”, санацијата на дефектот треба да трае од шест до осум часа. Посочуваат дека од овие причини за граѓаните ќе биде обезбедена вода од цистерна.
Цистерната ќе биде на три пункта, односно локации:
-Од 12 до 13 часот цистерна ќе биде поставена на улицата ,,Христијан Карпош” кај спортското игралиште.
– Од 13 до 14 часот, цистерната ќе биде поставена на улицата ,,Радански пат” во близина на продавница Палестина.
– Од 14 до 15 часот цистерната ќе биде поставена во населбата Деснаци, во близина на спортското игралиште Суитлак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четврт смртен случај од западнониска треска, пациентот…
Уште еден пациент во тешка здравствена состојба…
ЕРДОГАН ИМ ДАДЕ ПРИОРИТЕТ НА КРИТИЧНИТЕ МИНЕРАЛИ,…
Турција ќе формира ново државно тело кое…
ВЛЕН: Инфлацијата се намали за 2,3 отсто,…
Инфлацијата се намали за 2,3 отсто, продолжуваме…
За еден месец се регистрирани 11 нови…
За еден месец во земјава се регистрирани…
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…