Груевски: Македонија наместо да напредува стана полупротекторат со неспособни функционери
Поранешниот премиер Никола Груевски и денеска им одржа лекција на владините функционери, посебно на премиерот Ковачевски кој на Фејсбук сподели фотоградии од деца од малиот групен дом во Скопје.
Груевски објаснува дека наместо само да се слика Ковачевски треба да направи нешто конкретно за децата, а објасни и какви проекти имале владите на Груевски.
Поранешниот премиер додава дека Македонија наместо да напредува стана полупротекторат.
Во продолжение Фејсбук статусот на Груевски:
– Со симпатии го проследив предновогодишното дружење на Премиерот со децата од малиот групен дом во Скопје и објавените фотографии и текст од тој настан.
Сепак, не може а да не се предупреди дека не е ниту приближно доволно за оваа категорија деца ако Премиерот предновогодишно или пред Божиќ ги посети само за да поразговара со нив и да се каже дека владата се грижи за нив.
Легитимно е политичарите да прават свој маркетинг преку некои од своите активности, но само вакво гледање и разговор не е доволно. Треба и демонстрација на конкретна крупна подршка на овие категории лица, па дури тогаш политичкиот маркетинг можеби може да добие некакво оправдување.
Ќе потсетам, со цел да поттикнам промени.
Цели 20 години живеев во непосредно соседство на домот за деца без родителска грижа во Капиштец и имав можност одблиску да следам различни и незаслужени судбини на многу деца кои растеа таму со кои понекогаш спортував во домското спортско игралиште ж, а подоцна и им помагав кога нешто можев да помогнам.
Кога станав премиер, владата која ја предводев најпрвин имаше една голема акција за вработување на децата излезени од овие домови и стотици деца се вработија, деца кои излегле од ваков дом во последните 20-25 години кога државата не се грижела за нив и нивната тешка судбина, или пак политичарите само си правеле фотографии за нивниот личен “пиар”.
Никој не се грижел во делот на помагање околу нивно вработување и станбено обезбедување, па по излегување од домот, тогаш најчесто само со завршено средно училиште и со едвај наполнети 18 години во земја која имаше највисока стапка на невработеност, овие деца не само што беа оставени сами и беспомошни да се снаоѓаат без подршка од родители, роднини и пријатели, туку најчесто сите ги одбегнуваа за да не им побараат нешто. Всушност сето тоа беше многу полошо од ова што го напишав, но не сакам да пишувам за тоа, можеби потсетувајќи некој од нив ќе ги потсетам на нешто што е зад нив и длабоко потиснато и со тоа ќе ги повредам и ќе им созадам болка.
Беа задолжени служби да ги бараат и да ги најдат штитеници кои пред …5, 10, 15, 20 или повеќе години излегле од овие домови за да се провери во каква состојба се и дали им треба работа.
Потоа одкако заврши таа акција воведовме редовна програма која се нарече Д-10 со која планиравме секоја година минимум 10 деца кои таа година го напуштаат домот да бидат вработени, но секогаш се вработуваа повеќе, бидејќи се јавуваа поранешни штитеници кои не биле пронајдени во претходната акција, па така сме регистрирале дека со програмата Д-10 сме вработиле 147 деца излезени од овие домови.
Тука не се сметаат поединечните постапки на некои министри, градоначалници или директори кои самостојно го правеле тоа, како што јас кога бев министер за трговија и особено за финасии вработив повеќе од 10-15 вакви деца, дел во државни институции а дел во приватниот сектор одкако ќе замолив некој менаџер ако има можност да ги вработи во неговата фирма.
До нашето доаѓање на власт, при напуштањето на домот, децата добиваа околу 300 евра за да им се најдат во суровото свет на реалноста во кој сами, речиси без пари, работа и живеалиште беа препуштани да се снаоѓаат, па беше сосема логично што голем дел од нив завршуваа во “погрешни води”. Едноставно маката и негрижата на државата ги втурнуваше во тоа.
Тој надоместок веднаш од 300 го зголемивме на околу 3.000 евра, а со новата изборна програма во 2016 година планиравме и јавно ветивме зголемување за 50% на тој износ во 2017/18 година, од 180 илјади, на 270 илјади денари. Веројатно во вакво време на инфлација и многу повеќе.
Она што исто така беше ново од нас беше што преку јавното претпријатие ПУИК градевме згради со станови кои им ги дававме на трајно користење со некаква симболична кирија колку да се задоволат законските услови.
Само во една прилика се сеќавам на радоста на овие луѓе кога влегоа во своите нови домови целосно опремени со мебел, кога во Ѓорче Петров пуштивме зграда со околу стотина нови станови, за кои дури и не сонувале дека некогаш ќе ги добијат.
Додека таму се градеше најдовме на разни локации веќе постоечки државни станови кои веднаш им ги доделивме на најзагрозените случаи во тој момент.
Плачот од нивната неизмерна радост во моментот кога влегуваа во становите сеуште ми одзвонува во ушите кога ќе се потсетам на тие моменти.
Колку тоа многу тогаш, па денес им значеше и колку е незаборавен тој миг за нив, почуствував и кога започна политичкиот прогон против мене, до денес. Дел од нив го пронашле мојот телефонски број и редовно ми пишуваат покрај честитки за празници, роденден и именден и со бодрење да го издржам ова време на прогон ставајќи се на располагање доколку на било кој начин можат да ми помогнат. И често ми повторуваат дека ми се многу благодарни и должни, а јас редовно ги поучувам дека не треба да се заблагодаруваат ниту пак да чуствуваат некаков долг за нешто што им следува и нешто што била моја службена должност како премиер на државата.
Подоцна го сменивме Законот и воведовме обврска за секоја идна влада кога ќе гради социјални згради да мора минимум 10% од становите да ги додели на деца кои произлегле од домови за деца без родителска грижа, но не предвидовме една работа: дека ќе дојде влада која воопшто нема да гради никакви социјални станови. И навистина актуелната влада освен што ги доврши 2-3 започнато згради(едната паметам беше во Кочани), дали на почетокот изгради и уште една зграда и запре со градење нови. Веќе со години вработените во ПУИК земаат плата од кириите/закупот на дуќаните, катните гаражи и становите кои некогаш некои деуги влади ги граделе, но ново ништо не се создава. Тоа беше незамисливо во времето кога јас ја предводев владата.
Подоцна имаше проблеми околу одржувањето, плаќањето заедничките трошоци во објектите со многу доделени станови на оваа категорија на лица и сл., па го бев задолжил министерот за транспорт Миле Јанакиески повремено да обрнува внимание, да се грижи за тоа и да се обиде да им ги решава тое проблеми.
Истиот министер имаше и една друга не секојдневна доделена задача, за која инсистирав самиот тој лично теренски да ја завршува за да сме сигурни дека е добро постепено.
При завршувањето на некои нови згради со социјални станови беше од мене задолжен да помине низ улиците во главниот град и да ги пронајде бездомниците и луѓе што реално живеат од просење, луѓе кои спиеја по улици, подруми и влезови во згради и слично, или кратко кажано “најсиромашните меѓу најсиромашните”. Да поразговара со нив, да им каже дека има оглас за доделување станови бидејќи тие не читаат весници или портали и не гледаат телевизија, да им понуди и помогне (да се пријават за) социјален стан, да им помогне да пополнат документи или ако неможат сами да им ги пополни тој, а најчесто и да им помогне најпрвин да извадат лични документи бидејќи установивме дека голем број од нив немале.
Додатен проблем беше што дел од нив имаа одредени здравствени и особено психички потешкотии и неможеа ништо самите да направат без туѓа помош, па се организиравме и во тој дел.
За нив и за други сиромашни граѓани отворивме околу 50 тина народни кујни кои дотогаш не постоеја и си го издржавме на свој грб нападот дека штом владата отвара народни кујни значи таа е неспособна да ги направи луѓето побогати, небаре во најбогатите или многу побогати држави од Македонија нема народни кујни и ние сме го измислиле тоа.
Имаше и такви кои одбиваа да влезат во социјални станови и покрај тоа што живееја на улица или во куќи од картони, и особено тој проблем министерот го имаше со одредени наши граѓани кои имаа картонски или слични живеалишта покрај реката Вардар во центарот на Скопје и кои по неколку часовни преговори лично со министерот во нивните “живеалишта” со образложение дека нема да има каде да ги чуваат животните кои ги одгледуваат одбија да се преселат во станови кои владата беше подготвена да им ги подари.
Потоа го враќав министерот на нови преговори и во нова мисија, да ги убеди да им изградиме куќи некаде во населбите, па да можат да си чуваат коњи, кокошки и што линда сакаат, но и тука имавме не премислува бариера бидејќи не сакаа да се дислоцираат од централното градско подрачје на Скопје.
Тоа ме подсети на слични случувања во Либија во седумдесетите (1974-1976) кога како дете престојував таму со мајка ми која две години како медицинска сестра заедно со погорлема група лекари и медицински персонал од Македонија работеше во болница во градот Дерна.
Тогаш сите раскажуваа како либискиот лидер Гадафи, тогаш изгради згради во Триполи за да ги смести бедуините кои живееја во дупки во пустината, од каде и самиот тој беше порекнуваше. Испратил камиони и војска и без многу разговор ги преместиле во новите наместени згради со апартмани наменети за нив, но следниот ден се соочија со празни станови, бидејќи тие луѓе во текот на ноќта одлучиле и се вратиле назад во живеалишта каде цел живот живееле инсе навикнале.
Во тоа време опозициските медиуми безмалку секој ден имаа приказна од теренот за луѓе во тешка социјална и здравствена социјална ситуација, кои или немаа кров над главата или немаа храна, тешко билни и неподвижни без лекови, заборавени од секого.
На почетокот кога видов дека дел од медиумите тоа го прават со цел да прикажат слика за владата како неспособна и неодговорна сето тоа некако ми пречеше. Но, многу брзо одкако започнаа таа кампања која потоа долго и со години траеше, размислив и си реков: “чекај…па тие луѓе постојат и реално се соочуваат со големи и непремостливи проблеми. И тие се луѓе, а не предмети, само што судбината си поиграла со нив, а ние не ги познаваме лично, немаме допир со нив и всушност иако во моментот се нечија политичка агенда со цел да не прикажеме како власт за зли егоисти и неспособни, тоа истовремено е и Божја порака до нас за да како власт помогнеме некому кој е во голема мака”.
Независно на мотивите на некои тогашни опозициски медиуми, ние создадовме еден вид систем за брза интервенција во такви случаи.
Така веќе не мораше јас после секои вести со такви прилози да се јавувам по министри и да барам нивен ангажман. Системот профункционира и веќе утредента гледав прилози како од нивните живеалишта излегува министерот или портпаролот на владата со конкретно решение за нивниот проблем и со среќни лица зад нив.
Такви прилози денес или нема или се многу ретки. А луѓе во такви проблеми има и многу повеќе сега одколку во минатото. Тој систем веќе не функционира дури и кога мошне ретко има медиумски прилози. Па, погледнете што и направија на Атиџе…
Но, да се вратам на главната поента. Не е доволно само да се посетат децата во овие домови, куртуазно да се поразговара со нив и евентуално да им се поделат новогодишни пакетчиња. Тоа е добро, бидејќи тие на таа возраст и од тоа се многу задоволни, но не е доволно. Ним, не говорам поединечно, туку како ранлива категорија на лица, државата е должна да им понуди многу повеќе од тоа.
И секоја влада е должна да ги продолжи стандардите кои ги поставивме и да ги надградува. Македонија ќе биде успешна, само ако секоја наредна влада е подобра од претходната, повеќе гради и создава, решава повеќе системски, индивидуални и секакви проблеми и прави поголеми реформи од претходната. Наместо тоа ние добивме полупротекторат со нефункционални институции, со неодговорни и неспособни функционери заинтересираи само за себе, со мошне ретки исклучоци.
Тоа се чуствува и во овој дел, па Премиерот при една ваква посета, нема што друго да каже освен дека ги посетил и поразговарал со нив.
П.С.И уште нешто. Не е во ред да се објавуваат вакви фотографии со оваа категорија малолетни деца, без да се покријат нивните лица на фотографиите. Нам еднаш ни се случи пропуст и преставниците на сегашната власт од тоа направија вистинска драма. Не мислам дека, нема поголеми пропусти на сегашната власт па сега од тоа да се прави голема тема, но треба да се укаже за да не се повторува. – напиша Груевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…