И Маричиќ не остана покус: Очекувам да се фокусираме на реформи и да ја внесеме Македонија во ЕУ

t

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на осмата седница на Националниот Совет за евроинтеграции, посветена на програмата и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ, на која посочи дека очекува следните месеци сите да се фокусираат на брзо спроведување на реформите и на уставните измени.

Следниот период нè чека интензивна трансформација на македонското општество, подготовка на Патоказите за владеење на правото и за реформа на јавната администрација, завршување на уставните измени и скрининг процесот, рече Маричиќ додавајќи дека има доволно време и простор успешно да ги завршат уставните измени, за задржување на динамиката на процесот на преговори и избегнување ново вето, овој пат од наш политички фактор, повторно чекање и ставање на државата во ќорсокак и неизвесност.

На почеток вицепремиерот Маричиќ ѝ честита на амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џеин, за преземањето на ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија и истакна дека од особено значење е посветеноста на Шведска на процесот на европска интеграција и на безбедноста на Западен Балкан и Европа.

– Очигледно е дека војната во Украина поттикна заживување на политиката на проширување на ЕУ. Безбедносната криза потврди дека обединетоста е клучот за стабилност на Европа и регионот, но и покажа дека Македонија е кредибилен и вистински партнер на ЕУ, со 100% усогласеност со европската надворешна политика, истакна Маричиќ.

Маричиќ се заблагодари на чешкото претседавање и на Н.Е. амбасадорот Лудва, за историските одлуки кои се направија изминатите 6 месеци за иднината на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан, во време на големи предизвици за земјите од ЕУ и за Унијата во целина.

– За време на чешкото претседавање, Македонија после 17 години го направи историскиот чекор на патот кон ЕУ, ги започнавме преговорите со ЕУ. Сега најважно е сите заедно да останеме доследни на нашата стратешка цел, и да обезбедиме продолжување и континуитет на преговорите со ЕУ, рече Маричиќ, додавајќи дека мора да се обединат околу прашањето за европската иднина на земјата и со политички консензус да им се обезбеди на граѓаните стабилност, просперитет, нови можности, европски стандарди и функционирање на државата врз европски принципи и вредности.

Очекувам сите да се на ниво на својата задача, а најповеќе очекувам од институциите и од Собранието, да преземат одговорност и да покажат проактивност, за брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Македонија да ја внесеме во Европската унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…