Размената на затвореници главна тема: Рускиот и украинскиот омбудсман ќе се сретнат во Турција неделава
Народните правобранители на Русија и Украина ќе се сретнат оваа недела во Турција, објавија денеска руските и украинските новински агенции..
Рускиот омбудсман Татјана Москалкова и украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец се очекува да разговараат за идната размена на воени заробеници.
Средбата на Москалкова со Лубинец ќе се одржи во рамките на меѓународниот форум што ќе се одржи во Турција од четврток до сабота, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на Москалкова.
„Понатаму, сакаме да го покренеме прашањето за цивилните заложници што Руската Федерација масовно ги држи на привремено окупираните територии на Украина и на кои не им е дозволено да се вратат дома“, рече Лубинец.
Мировните преговори меѓу Москва и Киев дојдоа во ќорсокак во месеците по инвазијата на руските сили во Украина и сè уште не се обновени, забележа Ројтерс, цитиран од БТА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…