Калеска Ванчева: Ако чекаме Тирана или Софија да ни диктираат правци за развој, колку сме зрели за да имаме суверенитет?

t

Снежана Калеска Ванчева од СДСМ денеска во емисијата 24 анализа ја коментираше утрешната средба на лидери на четири политички партии од Македонија со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана. Таа потенцираше дека оваа средба не е за спас на владејчката коалицијатаи дека тоа не е добро за државата.

Политичките субјекти ја градат судбината тука и ако чекаме нашите правци на развој да ги диктира Атина, Тирана, Софија, се поставува прашањето колку сме зрели да имаме суверенитет. Ковачевски е премиер, а Ахмети е во коалиционен партнер во владата. СДСМ и ДУИ се шест години на власт. Иднината на државата е ЕУ и во декември да стартуваме со првите поглавја. Рама се покажа како вистински пријател. Би било добро вакви средби да се организираат поинаку, рече Калеска Ванчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ