Најтешка зима за шкотското здравство: Болниците полни со заболени од Ковид-19 и останати болести
Болниците во Шкотска се „речиси целосно полни”, со пополнетост на кревети над 95 отсто минатата недела, соопшти шкотската премиерка Никола Старџен и нагласи дека службите се соочуваат со притисоци „без преседан”.
Потребата за болнички кревети е зголемена од „вонредните” нивоа на зимски грип, зголемените стапки на инфекции со Ковид-19 и случаите на стрептокока А.
Старџен рече дека треба да се направи повеќе за да се спречи непотребното присуство во болница и да се забрза отпуштањето.
На посебен брифинг во шкотската влада, таа нагласи дека ова е „речиси сигурно најтешката зима досега за националната здравствена служба (НХС)”.
Според Старџен, пандемијата му нанела „значаен шок на системот” и тоа, заедно со „вонредни нивоа на други болести”, создава невиден притисок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
Татко и син заедно силувале 16-годишна девојка…
Татко и син од Пертшир, Шкотска, се…
Група педофили во Шкотска организирале „ноќи на…
Седум членови на групата за која е…