Кралското семејство го плаќа Роналдо во Ал Наср – пола пари се да биде „амбасадор“ за СП 2030!

t

Саудискиот фонд ПИФ (Паблик Инвестмент фунд), кој пред една година го купи ангслики Њукасл ќе го плаќа Кристијано Роналдо во Ал Наср откако португалскиот ас дојде во Саудиска Арабија и ќе игра за овој клуб до летото 2025 година, но ќе има и уште една улога – амбасадор за кандидатурата за СП 2030.

Како што објавил извор близок до фондот и близок до најтесното раководство кое преговарало со Роналдо за доаѓање за француската новинска агенција АФП, севкупно Роналдо ќе заработи 400 милиони евра за две ипол години, ама пола од тие пари ќе бидат за неговата улога – амбасадор за кандидатурата за Мундијалот во 2030 година.
С. Арабија сака со Египет и Грција да го организира јубилејниот Мундијал на три континенти, со кој ќе се прослави еден век од првото СП во Монтевидео (Уругвај) во 1930 година.

Саудијците сакаат да го искористат имиџот на Роналдо за да привлече уште поголемо внимание и да биде „главниот човек“ во кампањата за добивање на организацијата, а интересно Португалија е еден од ривалите на С. Арабија зашто Португалците со Шпанија веќе ја доставија својата заедничка кандидатура, единствена од Европа.

Принцот престолонаследник Мохамед Бин Салман, најбогатиот шеик проценет на 360 милијарди долари заедно со своите браќа Наиф, Турки и Ракан се почесни членови на Ал Наср и тие се главните за ангажманот на Роналдо.

„Тие сакаа да го направат клубот надмоќен, ама и да го стават во центар на светското внимание. Најдобар начин беше да биде донесен најдобриот. Ал Наср и другите клубови немаат толку пари за да го плаќаат, па ПИФ е тој што ја гарантира исплатата на парите“, рекол еден извор за АФП.

И друг извор близок до кралското семејсво ја потврдил приказната дека гарант се синовите на кралот Салман.

„Браќата беа тие кои го предложија сето ова и по секоја цена сакаа да го истуркаат“, додал друг извор.

Ал Наср е деветкратен првак на Саудиска Арабија, но никогаш не бил азиски првак, за разлика од Ал Хилал кој четирипати беше континентален шампион, а Ал Итихад двапати.

Извор: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…