КОВАЧЕВСКИ ЈА ИМА ПОДДРШКАТА ОД ЦЕЛОТО РАКОВОДСТВО НА СДСМ: Немало формален состанок во присуство на Заев, тврди Маричиќ
Бојан Маричиќ во емисијата „360 степени“ изјавил дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е „нефункционална и непрактична идеја“.
Во СДСМ немало формален состанок во присуство на Зоран Заев, на кој се дискутирало за уривање на Димитар Ковачевски и широка влада со ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, изјавил вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ за „360 Степени“, по написот на Плусинфо дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“.
Маричиќ смета дека делење на власта со ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по брзи избори кои би се случиле напролет, е „нефункционална и непрактична идеја“.
– Мислам дека претседателот Ковачевски ја има целосната поддршка на целото раководство на партијата – изјавил Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник избегал на пауза од судење во…
Затвореник од затворот во Штип во текот…
Клиника за ин витро во Северен Кипар…
Клиника за ин витро во Северен Кипар…
33% – Поддршката за Трамп падна на…
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…
(Видео) Трагедија во Грција: Брачна двојка на…
Пилотот- грчки државјанин и британски брачен пар…