(Видео) Уапсен „албанскиот Рамбо“, вооружен до заби планирал да убие локални политичари
Албанската полиција го уапси Антонио Лека од градот Лежа, кој во албанските медиуми стана познат како „Рамбо“, откако бил фатен со цел арсенал оружје на себе.
Тој бил познат и претходно познат на полицијата од Лежа, бидејќи неодамна бил осуден за „Производство и продажба на наркотици“, пренесуваат албанските медиуми.
Во меѓувреме, во неговиот автомобил пронајдени се снајпери, автоматско оружје, куршуми, пиштоли и панцири.
Албанскиот медиум „Ора њуз“ дознава дека братот на Антонио, Ник Лека, ја известил полицијата во Лежа за неговото оружје, кој го видел својот брат во воена униформа и со панцир.
Кога полицијата го уапсула, тој бил облечен целиот во воена униформа, оставајќи впечаток на ликот од познатиот филм „Рамбо“.
При апсењето Антонио Лека не им покажал никаков отпор на полицајците, туку им рекол дека се упатува кон Лежа, за да ги убие политичарите.
„Ќе ги убијам политичарите од Лежа, и ќе им го искоренам злобното семе…“ – тврдеше Лека.
Тој во моментов е во притвор, додека во наредните денови се очекува да се појави пред судот во Лежа, за да се запознае со безбедносната мерка „притвор во затвор“ што ќе ја побара обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…