Ѓоковиќ: Да бев фудбалер ќе играв за Црвена Sвезда или Милан

t

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ одговараше на фудбалски прашања за познатиот портал „433“, темата беше „Да сум фудбалер“.

Ѓоковиќ е голем фудбалски фан и познато е дека навива за Црвена звезда и Милан, па логичен беше неговиот одговор каде би играл доколку е фудбалер, но интересно е да се видат одговорите на другите прашања.
„Би играл за клубот од мојот роден град, Црвена звезда или за Милан“, одговори Ѓоковиќ на прашањето ако би бил фудбалер за кој би играл.

„На која позиција би играл? На левата страна, веројатно лево крило. Јас сум левоног, би се обидувал да им асистирам на соиграчите во шеснаесетникот“.

„Би бил агресивен фудбалер, зошто да не. Би добил 33 црвени картони“.

„Би сакал да играм со Златан Ибрахимовиќ, тој ми е пријател, заедно и со Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а од постарите со Габриел Батистута“.

„Колку голови би дал? Најмногу што можам, 111 гол“.

„Најмногу би сакал да го освојам Светското првенство со Србија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава: Незаконски продавале отпад од ,,Тутунски…

Од МВР информираат дека се поднесени кривични…

Македонија се поврзува со регионот и станува…

Македонија ја користи својата стратешка географска положба…

80 години од формирањето на Сојузот на…

Одбележуваме 80 години од создавањето на една…

Во Пустец ќе се одржи македонскиот фолклорен…

Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…