Рамчиловиќ e новиот амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка ќе биде Даниела Стојановска-Пановска

t

Собранието денеска во рамки на 99. седница беше информирано дека пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Државната изборна комисија (ДИК) е известена и дека треба да добијат информација кој пратеник од листата е следен и треба да дојде на местото на Рамчиловиќ.

ДИК во 13 часот ќе одржи седница на која се очекува да биде констатирано дека Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште, е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3 и треба да го замени Рамчиловиќ.

Според информациите од Собранието, се очекува 99. пленарна седница да продолжи по добивањето на информацијата од ДИК за новиот пратеник.

На дневен ред на оваа седница меѓу точките е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во земјава, што претпладево помина на собраниските Законодавно-правна и Комисијата за надворешна политика.

Во рамки на денешната пленарна седница, меѓу другите, се и Предлогот одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година), Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, како и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Градиме наместо да ветуваме, почна изградбата…

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…

Еве што наше даде Бугарија на Грција…

По 109 години, Бугарија ѝ врати на…

Бил Гејтс предупредува: Во 2027 година нè…

Бил Гејтс предупреди дека човештвото би можело…

(Видео) Мега дипломатски скандал: Бугарија организирала бегство…

Ива Михаилова која во Македонија се гони…

Судот не дозволил Михаилова да замине од…

Кочанчанката Ива Михаилова, на која ѝ се…