Сијарто: Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска во Будимпешта изјави дека земјата ќе гласа против членството на Косово во европските тела, пренесува РТВ.
„Нашиот став е дека би го загрозило постигнувањето компромис доколку одредени европски формации го примат Косово пред да се постигне договор. И поради таа причина, Унгарија ќе гласа против членството на Косово во европските тела“, посочи Сијарто одговарајќи на прашања од новинари, на заедничка конференција со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, јави Танјуг.
Сијарто нагласи дека, што се однесува до Косово, Унгарија е навистина заинтересирана да се дојде до решение врз основа на вистински дијалог.
„Затоа го прифативме раководството на силите на КФОР на Косово, бидејќи мислевме дека можеби на тој начин можеме да придонесеме за обезбедување мир. Сакаме компромис да се постигне што е можно поскоро“, рече Сијарто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во…
Подготовките за создавање на суверена држава на…
Македонија пред нов, екстремно топол бран
Од четврток (20 август) па сѐ до…
Иран најави договор со Оман за безбеден…
Иранскиот министер за надворешни работи, Сејед Абас…
Германците се сомневаат дека претседателката на Словенија…
Откако австриската новинска агенција АПА и словенечкиот…
Лондон: Стоиме зад Украина и продолжуваме да…
Велика Британија изјави дека стои зад Украина…