Во Романија регистрирани два случаи на “Кракен”, новиот и најзаразен сој на Ковид-19
Светската здравствена организација соопшти дека нема „непосредна закана“ за европскиот регион од појава на КОВИД-19 во Кина, но потребни се повеќе информации.
Австралија и Канада веќе воведоа правила за тестирање COVID-19 за патниците од Кина. А САД, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и неколку европски нации, најавија построги мерки за СОВИД-19.
Во Романија веќе се регистрирани два нови случаи на „Кракен“, новиот позаразен подвид на омикрон, најопасната варијанта на корона вирусот. Тоа е најпреносливиот и најзаразниот вид што научниците некогаш го откриле.
Значи, научно, во овој момент не постои непосредна закана за европскиот регион, врз основа на информациите што ги имаме од Кина, бидејќи варијантите што циркулираат во Кина се оние што циркулираат и во Европа. Сепак, важно е да се заштити довербата во јавното здравје кај населението, значи, како што изјавив, ние навистина признаваме дека голем број земји, врз основа на принципот на претпазливост, спроведуваат некои мерки додека очекуваме да бидат споделени повеќе информации, достапни во јавните бази на податоци. Но, многу е важно тие мерки, тие мерки на претпазливост, да се засноваат на науката, да бидат пропорционални и особено, да не бидат дискриминаторски, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…
Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…
Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…
Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…
Силен земјотрес во Романија!
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…
Романскиот премиер поднесе оставка
Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека…