Шоле на средба со Ковачевски: Силното стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои
Советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, кој утрово пристигна во Скопје, во Владата беше пречекан и оствари средба со премиерот Димитар Ковачевски и дел од министрите.
– Нашето силно стратешко партнерство со САД е од голема важност во годината која ни претстои, а која е исполнета со предизвици и кај нас, но и глобално. За овие предизвици, но и за многу други теми ќе разговараме на денешните средби, посочи премиерот Ковачевски на својот Фејсбук-профил пред средбата со Шоле.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил во врска со средбата во Владата со Шоле напиша дека проектите и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог се солидна основа за понатамошно јакнење на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните врски.
– Благодарност за поддршката за нашето претседавање со #ОБСЕ2023 и САД – Јадранската Повелба во услови на актуелните безбедносни предизвици. Европската перспектива и присуството на САД во регионот како значаен влог во стабилноста и просперитетот на Западен Балкан. Како НАТО сојузници остануваме обединети во поддршката за Украина и одбраната на споделените демократски вредности, напиша Османи.
Воедно, премиерот Ковачевски на советникот на Стејт департментот Шоле му подарил дрес од македонската репрезентација со неговото име.
Неговата посета на земјава е во рамки на балканската турнеја, за време на која ќе ги посети и Косово и Србија.
Советникот на државниот секретар на САД Ентони Блинкен, од Скопје заминува за Приштина на средби со владини претставници, политички лидери и претставници на граѓанското општество. Во фокусот на разговорите ќе бидат напорите на САД да помогнат во унапредувањето на косовската и евроатлантската интеграција, вклучително и преку дијалогот олеснет од ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирани на меѓусебното признавање.
Шоле, утре ќе продолжи во Белград, каде со раководството на српската Влада ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристап во ЕУ. Тој, исто така, ќе разговара за улогата на Србија во зајакнувањето на регионалниот мир и безбедност и нејзиниот континуиран ангажман во Дијалогот олеснет од ЕУ за нормализирање на односите со Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…