(Видео) Мециновиќ: ЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО И МИЦКОСКИ КАКО ПЕНДАРОВСКИ БАРА ГАРАНЦИИ ОД ЕУ
Изјава на портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ, во однос на уставните измени во гостувањето на утринската емисија „Утрински печат”.
„Кога станува збор за нови уставни измени, на нас не ни е никаква гаранција дека ова ќе бидат последните барања за влез во ЕУ.
Најиндикативно е, ако ги земеме изјавите на претседателот Пендаровски, кадешто тој вели дека мора да се добијат гаранции од ЕУ и Бугарија дека овие барање ќе бидат последни, за само после две недели, сам себеси да се демантира.
Загрижувачки е тоа што и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи оваа формулација, дека ќе бара гаранции од ЕУ, дека овие барање ќе бидат последни.
Што ако Прогласот на АСНОМ стане барање понатаму за Бугарите? Би ја потсетил јавноста, дека со Преспанскиот договор, зборовите во преамбулата: „одлуки на АСНОМ “, се менуваат со: „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ”.
Тогаш премиерот Заев го објаснува ова како нешто што ќе ги ескивира проблемите со Грција понатаму, но ете, само допринесе за нови проблеми.
Ова го кажувам, затоа што и Красимир Каракачанов и Румен Радев, двајцата се имаат изјаснето за овој проглас како проблематичен, затоа што во него стои синтагмата ‘фашистичка Бугарија’.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…