(Видео) Брука – Ова се советниците на Тимчо: Го правдаше милионското задолжување на општината со швалерот
Советничка на ВМРО-ДПМНЕ се изрезили пред целата македонска јавност откако го оправдуваше милионското задолжување на општина Аеродром со својот швалер.
-ЈАС КАКО МАЈКА, КАКО ДОМАЌИНКА, СОПРУГОТ НЕ МИ ДАВА ПАРИ, ШВАЛЕРОТ НЕ МИ ДАВА ПАРИ, ПА МОРА ДА СЕ ЗАДОЛЖАМ…“ – вели советничка на ВМРО за задолжувањето со милиони евра на општина Аеродром.
Општина Аеродром ќе издаде обврзница во висина од 330 милиони денари (околу 5,4 милиони евра) за реализација на капитални проекти во општината. Одлуката за задолжување беше изгласана на последната седница со 15 гласа ‘за‘ и 12 ‘против‘. Задолжувањето, како што стои во одлуката, ќе се врши преку издавање обврзици.
За задолжувањто Левица упати жестока реакција посочувајќи дека една од најбогатите, но за жал најлошо водените општини во Македонија, општина Аеродром за прв пат во својата историја ќе се задолжи за 2023-та година со кредит од 5.4 милиони евра.
– Овој кредит нагалено наречен „зелена” обврзница се зема кога каматните стапки се највисоки во последните 20 години во Македонија и ќе ја втурне општина Аеродром во должничко ропство со што ќе треба да плаќа камати од скоро 1 милион евра годишно во наредните 10 години и да врати близу 10 милиони евра за земените 5.4 милиони. Нашите советници принципиелно гласаа против ова задолжување кое беше изгласано од мнозинството на вчерашната седница. Доколку општината има можности да плаќа еден милион евра рата годишно десет години за оваа обврзница, тогаш општината може за пет години истите пет милиони евра да ги проектира за капитални инвестиции, наместо да плаќа камати кај лихвобанкарите, реагираа од Левица поради задолжувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…
Центарот за управување со кризи известува дека…
Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…
Царинските управи на Македонија и Косово во…
Американски воен транспортен авион слета во Москва,…
Американски воен транспортен авион утрово слетал на…
15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…
Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…
Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…