Белград моментално е најскапиот град за живеење во регионот, а еве на кое место е Скопје

t

Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Станува збор за листа на најскапите и најевтините градови во Европа за 2023 година, на кои нашиот регион можеби не е високо позициониран, но кога ќе се фокусираме само на него – добиваме интересни податоци.

При рангирањето на градовите се воделе според цените во рестораните и маркетите, цените на јавниот превоз, киријата, здравството…

Утврдено е дека на Западен Балкан најскап град за живеење е Белград, главниот град на Србија (186 место во Европа), веднаш по него е Будва (188 место во Европа), туристичката престолнина на Црна Гора, а на ред е Тирана (194 место во Европа), главен град на Албанија. Трошоците за живот во Белград се 42,5 отсто во споредба со трошоците за живот во Њујорк, а 41 отсто во Тирана.

„Иако Тирана се смета за евтина за живеење од гледна точка на другите Европејци, таа е скапа за локалното население и нивото на приход. Зголемените трошоци и инфлацијата доведоа илјадници луѓе на работ на сиромаштија. Во моментов половина од населението е или во сиромаштија или во ризик да западне во неа“, пишува Euractiv. Ситуацијата во Белград не е детално опишана.

Од друга страна, Приштина (234 место) се издвојува како едно од најевтините места за живеење во Европа, потоа Ниш (232 место), Крајова во Романија и Тузла во БиХ.

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се наоѓа на 206. место во Европа и е поскап за живеење од Скопје, Подгорица, Нови Сад – пренесува Klix.ba.

Што се однесува до вкупната листа на најскапи градови во Европа за 2023 година, Базел е на врвот, а потоа следат Цирих, Лозана, Цуг и Берн, сите во Швајцарија. Во топ 10 се и Осло, Ставангер, Берген, Трондхајм и Тромсо во Норвешка, а високо рангирани се и Копенхаген во Данска, Еспо во Финска, Даблин во Ирска и Ница во Франција.

Близу до дното на листата се градовите во Украина зафатена од војна, а на последно место е градот Харков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…