Славеле со пушки: Двајца Срби во Косово уапсени за пукање со оружје на Божиќ

t

Двајца Срби од Косово, А.С.(30) и Д.М.(26) се уапсени поради „предизвикување општа опасност“ откако, како што соопшти косовската полиција, пукале од огнено оружје на Божиќ во Клокот, пренесува порталот КоССев.

КоССев пишува за третото лице вмешано во тој случај.

Тројца Срби од Косово беа идентификувани врз основа на оперативни информации и преглед на видеоснимки, а косовската полиција изврши претрес на три локации.

Две автоматски пушки АК47, за кои полицијата се сомнева дека биле употребени при пукањето, не се пронајдени.

На двајца од уапсените им е одредена мерка притвор во траење од четириесет и осум часа, а против нив ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“, „неовластено држење, контролирање или држење на оружје“ и „употреба на оружје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…