Пентагон: Промената во военото раководство е поради досегашните проблеми на Русија во Украина
Пентагон денес соопшти дека тековните проблеми на Русија во Украина најверојатно довеле до најновото „потресување“ на военото раководство и ја повика Москва да ја прекине војната наместо да се сврти кон нови генерали за да ја надгледуваат офанзивата која трае речиси една година.
Вчера Ројтерс објави дека Русија го назначила началникот на Генералштабот Валериј Герасимов за командант на руската армија во Украина. Сергеј Суровикин на таа функција беше назначен во октомври минатата година, а сега ќе му биде заменик на Герасимов, додава агенцијата.
Бригадниот генерал Патрик Рајдер на брифинг со новинарите изјави дека ова веројатно одразува некои од системските предизвици со кои се соочи руската војска од почетокот на нападот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…
Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…
Путин: Русија нема докази дека Иран сака…
Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Русија тестира вакцини против рак
Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…