Дачиќ: Му кажав на Шоле дека нема никој во Србија што ќе ја прифати независноста на Косово
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека му рекол на високиот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле, дека во Србија нема никој што ќе ја прифати независноста на Косово и дека претседателот Александар Вучиќ е клучниот гарант за мирот и стабилноста во регионот.
Дачиќ за телевизијата „Прва“ рече дека и тој истакнал оти Србија е подготвена за дијалог, но дека е јасно кои се црвените линии.
Тој објасни дека тие линии се оти нема повторно преговарање на Заедницата на српските општини, дека Србија не сака ниту директно ниту индиректно да ја признае независноста на Косово и дека Србија нема да дозволи погром на Србите во Косово, но и дека е обврска на КФОР да ја гарантира безбедноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…
Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
(ВИДЕО) Дел од делегатите на Генералното собрание…
Делегати од повеќе земји ја напуштија салата…
ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…
Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…