Дресот со број 24 на Коби Брајант вреди пет милиони евра

t

Аукционерската куќа „Сотби’с“ во февруари ќе стави на наддавање дрес на американската кошаркарската легенда Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година. Првичните проценки говорат за пет до седум милиони долари, а овој пазар привлекува богати колекционери и инвеститори од целиот свет, па неретко се постигнуваат и рекорди на аукциите.

Жолто-виолетовиот дрес со број 24 на Коби Брајант е понуден на продажба од сопственикот кој претпочита да остане анонимен. Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс го носеше тој дрес на 25 натпревари во годината кога беше прогласен за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната 2007/2008, соопшти „Сотби’с“.

Во мај 2022 година, дресот што го носеше аргентинскиот фудбалер Диего Марадона на Светското првенство во 1986. беше продаден за 9,3 милиони долари. Во септември лани, за 10,1 милиони долари беше купен дрес со бројот 23 што го носеше кошаркарот на Чикаго булс, Мајкл Џордан, во 1998 година.

– Во текот на целата сезона тој го носеше дресот 25 пати и постигна 645 поени во неа, изјави Брам Вахтер од „Сотби’с“.

Дресот ќе биде изложен во Њујорк од 1 февруари, а е дел од големото интернет-наддавање на предмети од светот на спортот што ќе се одржи од 2 до 9 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…