Косово лани со двојно зголемен воен буџет во споредба со 2021: Главна цел заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека буџетот за „армијата на Косово во 2022 година во однос на 2021 година е двојно зголемен, додека во 2023 година ќе има зголемување за 20 отсто“.
Во објава на Фејсбук, Курти потсети дека „Владата на Косово ја одобри безбедносната стратегија 2022-2027 година“.
„Потпишавме договори за соработка со Обединетото Кралство, Албанија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. Договорите на SOFA со Германија, Турција и Хрватска се во тек“, рече меѓу другото Курти.
– Со цел заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет, јавната безбедност, заштитата на уставниот поредок, во текот на изминатата година:
Буџетот за војската на Косово го удвоивме во однос на 2021 година, додека во 2023 година ќе има зголемување од 20%;
Ја одобривме Стратегијата за безбедност 2022-2027 година;
Потпишавме договори за соработка со Обединетото Кралство, Албанија, Црна Гора, Македонија и Хрватска. Договорите на SOFA со Германија, Турција и Хрватска се во процес;
Регрутирани се 820 млади војници и 30 питомци;
Во процес на регрутирање се 612 активни и 388 резервни војници;
Ја подигнавме возраста за вработување од 23 на 25 години;
Во странство се обучени 2547 воени лица: 3 пати повеќе отколку во 2020 година, 16 пати повеќе отколку во 2019 година;
„Безбедносно образование“ ќе биде дел од училишната програма. – напиша Курти на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…