Ќе се помоли за нив: Вработените од скопскиот ЦСР се жалат дека останале без декемвриската плата – директорот им отишол на аџилак
Преку 230 вработени во Центарот за социјална работа на град Скопје нема да добијат плата. Вршителот на должноста директорот заминал на аџилак во Мека, Саудиска Арабија.
Налогот за исплата на плати на вработените не го потпишал, а негова замена нема.
Извори од Центарот утрово реагираа дека во најдолгиот месец во годината, дел од семејствата кои имаат само едно вработено лице нема да ја однесат платата дома, а престојните празници ќе ги поминат дури и со празни трпези.
Вработените велат дека и бројот на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик пораснал, дека расте и бројот на незадоволни граѓани од услугите кои ги добиваат од оваа институција.
Исто така, вработените не добивале стимулации во работната средина, така што разочараноста и апатијата била присутна кај сите нив.
Инаку, Центарот за социјална работа на град Скопје е со најголем број на вработени во цела држава и тоа со шест подрачни единици. Најголем дел од семејствата имаат деца. Кризата ги погоди сите, платите се замрзнати, а цените во потрошувачката кошничка вртоглаво растат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Повеќе лица меѓу кои и две жени…
Повеќе лица попладнево се повикани на разговор…
19 годишно момче загина во сообраќајка во…
Попладнево во скопската населба Радишани се случила…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…