Славчо Попоски со најнова временска прогноза – еве какво време не очекува
За време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Денес ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе провејува снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Во текот на следната седмица и тоа под влијание на циклонска активност од запад и изразено јужно воздушно струење температурите ќе бележат тенденција на ПОРАСТ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 15 степени. Ќе има и повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе дува и засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Услови за врнежи од снег ќе има само на највисоките планини на запад.
Во Скопје и околината исто така во текот на следната седмица очекуваме поголема промена на времето која ќе биде проследена со засилен јужен ветер, повремени врнежи од дожд и значително повисоки температури на воздухот кој ќе се искачат до околу 15 степени.
НАПОМЕНА : Температурите кој ги очекуваме во текот на следната седмица ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој дел од годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…