(Видео) Трагедија во Непал: Најмалку 40 лица загинаа – Се урна авион со 72 лица во него
Најмалку 40 лица загинаа кога авион со 72 лица се урна во Похара во западен Непал. Државната телевизија објави дека се пронајдени некои од телата.
Двомоторниот авион АТР 72 на компанијата „Џети ерлајнс“ бил на пат од Катманду, главниот град на малата хималајска земја, пренесе Ројтерс.
Портпаролот на армијата Кришна Бандари изјави за Ројтерс дека очекува да извлече уште тела од остатоците, додавајќи дека „авионот се распаднал на парчиња“.
Тој истакна дека ова е најтешката несреќа во Непал во изминатите 30 години.
Според официјални лица на аеродромот во Непал, во летот на Jeti Airlines имало пет државјани на Индија, четворица од Русија, двајца од Јужна Кореја и по еден патник од Ирска, Австралија, Франција и Аргентина.
Снимките на локалната телевизија покажуваат густ црн чад како извира од местото на несреќата додека спасувачките тимови се обидуваат да им помогнат на жртвите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…