Денеска ќе се знае кој за последен пат ќе се обиде да формира влада во Бугарија: Ако не успее земјата оди на нови избори
Денеска ќе стане јасно која политичка сила во Бугарија ќе го добие третиот мандат за формирање на Влада.
Денеска истекува рокот во кој претседателот на Бугарија, Румен Радев имаше време да одлучи кому да го предаде. Се очекува во текот на денешниот ден со официјално соопштение администрацијата на претседателот да го соопшти времето за врачување на третиот мандат за формирање влада.
Ова е последна можност да се формира влада во рамките на 48. Народно собрание според Уставот, откако пропаднаа првите два обиди за формирање редовен кабинет.
Во првиот мандат доделен на ГЕРБ-СДС, кандидатот за премиер проф. Николај Габровски собра само 115 гласа поддршка при гласањето на неговиот предлог-кабинет во парламентот. Вториот мандат даден на „Продолжуваме со промената“ е вратен неисполнет на претседателот откако партијата не успеа да собере поддршка во Националното собрание.
Практично, изборот на шеф на државата е меѓу пет пратенички групи – ДПС, „Преродба“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ прашува што слави ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар,…
Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар,…
Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е…
Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави…
МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…
Бугарија испрати вербална нота во Србија –…
Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…
Граната од Првата светска војна пронајдена во…
На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…