ЦДЦ УТВРДИ “БЕЗБЕДНОСЕН СИГНАЛ“: Фајзер вакцината може да предизвика мозочен удар

t

Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) велат дека е идентификуван прелиминарен „безбедносен сигнал“ за вакцината за Ковид-19 и истражува дали Бивалентна Pfizer-BioNTech вакцина создава зголемен ризик од исхемичен мозочен удар кај луѓе над 65 годиини.

Во изјавата што викендов ја даде, ЦДЦ вели дека прелиминарниот сигнал не е идентификуван кај Бивалентна Модерна КОВИД-19 вакцина.

“Следејќи ја достапноста и употребата на ажурираните (бивалентни) вакцини против КОВИД-19, CDC’s Vaccine Safety Datalink (VSD), систем за надзор во реално време, ги исполни статистичките критериуми за да поттикне дополнителна истрага за тоа дали постои безбедносна загриженост за исхемична мозочен удар кај луѓе на возраст од над 65 години кои ја примиле вакцината Pfizer-BioNTech“, соопшти ЦДЦ.

“Истрагата за брз одговор на сигналот го покрена прашањето дали луѓето од над 65 години кои ја примиле вакцината Pfizer-BioNTech, имаат поголема веројатност да имаат исхемичен мозочен удар во 21 ден по вакцинацијата во споредба со деновите 22-44 по вакцинацијата“.

Според ЦДЦ, исхемичен мозочен удар „се јавува кога згрутчувања на крвта или други честички ги блокираат крвните садови на мозокот“.

Во соопштението, ЦДЦ потенцира дека голема студија за ажурирани бивалентни вакцини од Pfizer-BioNTech “користејќи ја базата на податоци на Центрите за Medicare и Medicaid Services не откри зголемен ризик од исхемичен мозочен удар“.

Агенцијата, исто така, соопшти дека Системот за известување за несакани дејства за вакцина (VAERS) управуван од ЦДЦ и ФДА не забележал зголемување на пријавувањето на исхемични мозочни удари по ажурирањето на (бивалентна) вакцина.

Во изјавата, портпаролот на фајзер рече: „Pfizer и BioNTech се запознаени за ограничените извештаи за исхемичен мозочен удар што се забележани во базата на податоци CDC Vaccine Safety DataLink (VSD) кај луѓе од над 65 години по вакцинацијата со Omicron BA.4/BA.5-адаптирана бивалентна вакцина против КОВИД-19 од Pfizer и BioNTech“.
“Ниту Pfizer и BioNTech, ниту ЦДЦ или Американската агенција за храна и лекови (ФДА) не забележале слични наоди во други системи за следење во САД и на глобално ниво, па нема докази за да се заклучи дека исхемичниот мозочен удар е поврзан со употребата на нашата вакцина“, додава портпаролот.

“Во споредба со објавените стапки на инциденца на исхемичен мозочен удар кај оваа постара популација, компанијата до денес забележала помал број на пријавени исхемични мозочни удари по вакцинацијата со Omicron BA.4/BA.5-адаптираната бивалентна вакцина. ЦДЦ продолжува да препорачува вакцинација со оваа адаптирана вакцина за сите одобрени возрасти и индикации“.

Засега, ЦДЦ не препорачува промена на праксата за вакцинација против КОВИД-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…