Песков: Руските сили не целат станбени згради, ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана
Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, тврди дека руските сили не целеле станбени згради во неодамнешниот масовен ракетен напад врз украински цели, што беше извршен во саботата.
За потсетување, во саботата проектил погоди станбена зграда во источниот украински град Днипро, при што загинаа најмалку 35 лица, меѓу кои и деца, а беа повредени повеќе од 80 луѓе.
Се верува дека уште 35 лица се под урнатините на уништената зграда.
„Ситуацијата во Днепар е резултат на акциите на украинската противвоздушна одбрана“, изјави денеска Песков, без да обезбеди докази за своите тврдења.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…