Борко Ристовски распали: „Каде води ова, ‘пријателе’?“

t

Миленикот на македонската ракометна публика, „министерот за одбрана“ Борко Ристовски, е колумнист на Спорт1 за време на Светското првенство во Полска и во Шведска. Пред и по натпреварите на Македонија ги изнесува своите впечатоци и ставови, пофалби и критики за нашите ракометари во желба да им понудиме еден поинаков агол на нашите читатели.

Денешнава колумна или мојата пишана мисла би сакал да ја започнам со еден преубав цитат од Зигмунд Фројд, кој отприлика гласи вака: „Првата индикација на глупавоста е комплетното отсуство на срам“.

Вака некако би гласела и мојата дефиниција за, да го наречеме во случајов, мојот „пријател“. „Пријателот“ мој го доби сето она што го побара (дури и повеќе од тоа). Доби комплетна логистика, услови, стручен штаб од околу 10-тина луѓе, психолози, чартер-летови, значи сè она што тој побара. Реципроцитетно за возврат требаше или се очекуваше да создаде една хомогена репрезентација. Репрезентација создадена од НАЈДОБРИТЕ македонски играчи и, според најавите, да добиеме некоја нова нова игра, т.е. скандинавско-македонска брза игра (што и да значи тоа). Меѓутоа, ние добивме стручен штаб кој не смее да каже ниту збор, затоа што веќе следната недела ќе го нема. Во стилот на најголемите диктатори.

Добивме лош однос со 99% од играчите и константно викање и потценување на истите. Добивме комплетна некомуникација со ниту еден тренер кој работи во Македонија за да, нели, се запознаете со одредени играчи, да се консултирате за да прашата за физичката подготвеност, здавствената состојба, па ако сакате и можеби за размена на мислења. Знам дека егото и суетата се големи, меѓутоа и во Македонија има тренери, кои барем нешто знаат и разбираат.

Жалам само што во оваа ситуација е доведена ракометната репрезентација, играчите, но и целокупната македонска спортска јавност. Се доведовме во ситуација да се плашиме или да ни биде репер Аргентина!! Ако минатото ЕП беше некој си тест за промена на генерации, за запознавање со „новите“ играчи, ова СП НЕ СМЕЕ пак да биде тоа. На натпреварите со Норвешка и со Холандија видовме една тотална неорганизираност во сите сегменти. Дали е тоа напад, одбрана, полуконтра, враќање од полуконтра. Тотален хаос! За на крај ПОВТОРНО да бида играчите „криви“. Немале искуство, млади биле итн.

А кој ги селектираше играчите?

Кој го поставува системот (во случајов хаосот) на игра?

Ќе поминат и овие два дена, ќе дојде Аргентина. Да претпоставиме ќе победиме и потоа што? Повторно на стрелиште целокупната репрезентација!

Каде води ова?

Кои се целите?

Престани да гледаш со розеви очила „пријателе“ и испорачај го тоа за кое си платен (преплатен), а тоа е создавање нови играчи и РЕЗУЛТАТИ! Резултатите се единственото мерило за успех. Сè друго е продавање магла!

Секогаш искрен и секогаш во име на доброто на спортот.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…