Абазовиќ: Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ
Едно е да се каже дека постои ризик, а друго е да има прекин на преговорите со ЕУ за Црна Гора, доколку не успее шестиот обид за комплетирање на Уставниот суд, изјави денеска премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ.
Тој ова го изјави коментирајќи ја повторената изјава на шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон дека постои голема закана да бидат прекинати преговорите на Црна Гора за членство во ЕУ.
„Едно е да се каже дека постои ризик, друго е дека тоа ќе се случи. Истото важи и за визниот режим. Лошо е што не се бира Уставен суд. Да имаше политичка коректност, таа ќе беше завршена во јули“, рече Абазовиќ.
Тој апелираше до сите политички субјекти да ја искористат можноста и да го деблокираат Уставниот суд на почетокот на февруари и да се зајакнат во евроинтеграциите, јави РТЦГ. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…
Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…
Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…