Објавено на:

Кремљ: Британските тенкови горат и ќе горат на бојното поле во Украина

t

Британските тенкови кои ѝ беа ветени на Украина ќе „горат“ на бојното поле, соопшти Кремљ.

„Специјалната воена операција ќе продолжи. Овие тенкови горат и ќе горат“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од АФП.

Тој додаде дека плановите на некои западни земји – како Британија и Полска – да испратат тенкови во Украина „нема да ја променат ситуацијата на теренот. Тоа само ќе ја продолжи оваа приказна“.

БГНЕС потсетува дека минатата недела британскиот премиер Риши Сунак вети дека ќе му обезбеди на Киев британски тенкови „Челинџер 2“.

Претходно овој месец, Франција исто така вети дека ќе испрати тенкови AMX-10 RC во Украина. Варшава сигнализира дека е подготвена да испрати тенкови Леопард 2 на својот сосед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…