Вучевиќ: Ситуацијата на северот на Косово неспорно е најголем безбедносен ризик

t

Министерот за одбрана во Владата на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека ситуацијата на северот на Косово е неспорно најголемиот безбедносен ризик и посочи дека се забележани инфраструктурните активности на косовската полиција, односно нивното натамошно позиционирање, што е не е добар знак.


„Во моментов владее смиреност во однос на ескалацијата што се закануваше, но се што се случува во областа на јужната покраина мора внимателно да се следи, што вклучува и нови инфраструктурни работи во концептот на косовската полиција, односно како што тие го нарекуваат, како и косовските безбедносни сили и нивната билатерална соработка со припадниците на КФОР“, нагласи Вучевиќ во изјавата за новинарите по презентацијата на анализата за состојбата и можностите на српските вооружени сили.

Тој подвлече дека Србија јасно се противи на трансформацијата на косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово, бидејќи, како што вели, тоа ќе доведе до создавање на војска на Косово.

Тој додаде дека има земји кои исто така се вклучени во тој процес.

„Тоа претставува ризик и безбедносна закана за нашата земја и против тоа ја проценуваме ситуацијата, донесуваме одлуки и правиме потези кои не се секогаш за пошироката јавност. Тоа е предизвик од прва класа, но се надеваме дека ова прашање ќе се врати на преговарачка маса, а не за прашањето за војската на Србија или за безбедносните структури. Но, секако, нема да заспиеме, ќе следиме што се случува на теренот и нема да отстапиме од нашите црвени линии“, потенцира Вучевиќ.

На прашањето дали е вистина дека Приштина го користи смирувањето на тензиите за изградба на нови бази, тој рече дека активностите на косовската полиција се забележани на подрачјето на четири општини на север.

„Забележани се нивните инфраструктурни активности, односно нивно натамошно позиционирање, што не е добар знак. Би рекол дека не’ оддалечува од процесот на дијалог. Постојано ги повикуваме КФОР и ЕУЛЕКС да го преземат тоа што им е во мандатот, да гарантираат безбедност за сите граѓани на Косово и Метохија, особено за заедниците кои се малцинства. Не мислиме дека администрацијата во Приштина ќе го промени својот концепт, нема голема релаксација за нас во однос на безбедносните структури“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите од Правниот факултет ѝ пееја на…

Студентите на белградскиот Правен факултет денеска организираа…

Таксист влетал во ученици на блокадата во…

За време на денешната акција „Застани, Србија“…

Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…

МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…

Блокади ширум Србија и денеска – Студентите…

Студентите ширум Србија денеска во 11:52 часот…

По 100 евра за косовските пензионери и…

Косовската влада додели по 100 евра како…