Објавено на:

Метео: Променливо облачно и ветровито време

t

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе се задржи облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремени врнежи од дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток, локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…