(Фото) Османи со претседателот на украинската Врховна Рада: Русија ја крши Повелбата на ОН, меѓународното право и човековите права
Во рамки на посетата на Украина, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ се сретна со претседателот на украинската Врховна Рада, Руслан Стефанчук.
– Со нападот на Украина, Русија ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права. Ова е позицијата на Македонија која секако ќе ја задржиме и како земја претседавач со ОБСЕ. Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку се компликувани состојбите на терен.
Средба и со Претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. – напиша Османи на Фејсбук.




Во текот на вчерашниот ден министерот Османи се сретна и со украинскиот претседател Володимир Зеленски кој им се заблагодари на Владата и народот на Македонија за целата помош и поддршка во овие тешки времиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…