Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос
Претседателот Стево Пендаровски од денеска, 17 јануари 2023 година, вторник, ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарската Конфедерација.
Според програмата е предвидено претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.
Во рамки на форумот, предвидено е претседателот Пендаровски да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, како и да оствари повеќе билатерални средби со учесници на форумот.
Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, на кој се очекува лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество да се осврнат на состојбата во светот и да разговараат за приоритетите за годината што претстои.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…