Објавено на:

Нема друга опција освен победа вечерва: Со реми македонските ракометари се враќаат дома

t

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот во „Таурон арена“ во Краков ќе ја има последната шанса со победа над директниот конкурент Аргентина да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.

Победата е единствена опцијата за македонските ракометари откако во двете воведни кола во рамки на групата Ф претрпеа убедливи порази со двоцифрена разлика од Норвешка (27-39) и Холандија (24-34).

Со триумф над Аргентина избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го продолжат мундијалскиот настап во новоформираната група со Норвешка, Холандија, Германија, Србија и Катар, додека, нерешен резултат или пораз ќе ги однесе „црвено – жолтите“ во т.н. „президент куп“ во кои репрезентациите ќе разигруваат за пласман од 25. до 32. место.

Селекторот Лазаров на вчерашната прес – конференција нагласи дека со максимална концентрација и фокусираност Аргентина може да биде совладана.

Дојдовме тука со цел да ја минеме првата фаза и утре е главната битка за нас со Аргентина. Станува збор за екстра квалитетен противник кој и вчера со Норвешка покажа дека игра цврст и добар ракомет. Сметам дека сме тука некаде со квалитетот, доколку сакаме да победиме мора да одиграме максимално во сите шеесет минути, изјави Лазаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција и Германија ќе бидат домаќини на…

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека Франција…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…