Алтернатива со раширени раце ја чека Алијанса на Таравари во Влада
Секретарот на партијата Алтернатива, Зеќирија Ибрахими за ТВ21 ги коментираше изјавите на првиот човек на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во Клик плус, кој рече дека постои реална можност тие да станат дел од Владата.
Ибрахими вели дека немаат проблем со влезот на Алијанса во Владата и дека ќе соработуваат со неа и дека му е драго што Ачојанса, според него, ја сфатила грешката кога ја критикувала Алтернативата кога решила да стане дел од Владата.
„За нас не претставува никаков проблем вклучувањето на Алијанса во Владата, се разбира јавноста ги памети нивните многу критички ставови за влезот на Алтернатива во Владата во 2021 година, а сега само ни е драго што и Алијанса почнува да сфаќа дека нашата одлука беше исправна и дека тие не беа во право. Ако Алијанса стане дел од ова мнозинство, од оваа Влада, тие за нас се партнери со кои ќе соработуваме и ќе имаме добра комуникација“, рече меѓу другото Ибрахими за ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…
„Њујорк тајмс“ за студентското движење во Србија:…
Студентското движење во Србија успеа да го…